Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Статистика: Пад на индустријата во мај, раст само во енергетскиот сектор

    Статистика: Пад на индустријата во мај, раст само во енергетскиот сектор

    01.07.2026 во 08:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 проценти во однос на мај минатата година, додека во периодот јануари – мај годинава бележи пад од 0,3 проценти споредено со истиот период лани.

    Државниот завод за статистика објави дека во мај годинава, во однос на мај лани, индустриското производство бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, додека опаѓање има во Рударство и вадење камен од 3,6 проценти и во Преработувачка индустрија од 2,6 проценти.

    Најголемо влијание врз падот на индустриското производство има намалувањето во одделите: производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, како и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

    Во рамки на преработувачката индустрија, намалување е забележано во повеќе сектори, меѓу кои: производство на прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, фармацевтски производи, метали, фабрикувани метални производи, електрична опрема, машини и уреди и моторни возила.

    Според главните индустриски групи, во мај годинава во однос на мај лани, пораст има кај енергијата за 6,5 проценти и интермедијарните производи за 3,4 проценти, додека пад е забележан кај капиталните производи за 3,3 проценти, трајните производи за широка потрошувачка за 1,1 процент и нетрајните производи за широка потрошувачка за 8,4 проценти.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

    06.10.2026 во 17:27

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.