Close Menu
    Најново

    Утре без вода поголем дел на општина Центар

    28.12.2025 во 15:52

    Во Кочани ќе се отвори првата собраниска канцеларија на пратеникот Павле Арсоски

    28.12.2025 во 15:52

    Османи: Се надевам на побрзо формирање на косовските институциите по денешните избори

    28.12.2025 во 15:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Утре без вода поголем дел на општина Центар
    • Во Кочани ќе се отвори првата собраниска канцеларија на пратеникот Павле Арсоски
    • Османи: Се надевам на побрзо формирање на косовските институциите по денешните избори
    • Полицајците масовно апсат: Фатени повеќе пијани возачи
    • Полицијата најде 9.000 парчиња пиротехника – едно лице заврши зад решетки
    • Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице
    • Трендафилов: Срамно е да се фалите со покачување на минималецот за 1.500 денари
    • Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

    Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

    26.10.2025 во 10:09
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

     Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. 

    Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона, што  ќе трае до крајот на март следната година.  Девет од нив ќе бидат управувани од авиокомпанијата Виз Ер, со субвенции од Владата. Тоа се летовите од Скопје до Бари и Стокхолм, што ќе започнат на 27-ми овој месец, а на истиот датум ќе започне и воздушната линија од Охрид до Базел. На 28-ми октомври, главниот град првпат ќе се поврзе со Мадрид, која е една од најпосакуваните дестинации од страна на нашите патници. Истиот ден на распоредот за летање се враќа и линијата до Ларнака. Од 15 декември, Скопје ќе се поврзе првпат со Прага, а се враќа и линијата до Келн. 

    Од 30 март 2026 година двата аеродрома ќе бидат поврзани со уште три нови дестинации. Од Меѓународниот аеродром во Скопје, Виз ер ја враќа редовната линија до Будимпешта, а истиот ден авиокомпанијата отвора нова дестинација за одмор во Италија – Неапол, дестинација за која очекуваме многу голема побарувачка. На 30 март 2026 година, Аеродромот Св. Апостол Павле од Охрид ќе биде поврзан со Милано. Десеттата нова дестинација е линијата од Скопјe до Женева, која ИзиЏет ќе ја врати на 3 ноември. 

    Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство во зимската сезона од 26 октомври до 28 март следната година од Скопје ќе се лета до Виена, Белград, Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Фридрихсхафен, Меминген, Франкфурт Хан, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Братислава, Рим, Баден-Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Лондон, Стокхолм, Прага, Штутгард, Ларнака, Келн, Лион, Бари, Мадрид, Женева, Истанбул, Измир, Анталија, Цирих. Дестинациите од Охрид се: Цирих, Базел, Дортмунд, Виена, Меминген.

    Од ТАВ Македонија велат дека нивниот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток, а фоксуот во иднина ќе биде насочен и на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство.

    Можности за воспоставување нови директни авиолинии се отвораат и со Договорот за редовен воздушен сообраќај со Велика Британија, што го потпишаа вицепремеирот и министер за транспорт Александар Николоски и англискиот министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација Киер Метер на 23. месецов во Лондон.

    Двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, во првите девет месеци од годинава опслужиле 2.585.096 патници, што е зголемување од шест проценти во споредба со истиот период лани.  Преку Меѓународниот Аеродром Скопјe се превезени 2 375 264 патници, што е за 5,4 процент повеќе од минатата година, а Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид забележа двоцифрен пораст од 16,2 процент со 209.832 превезени патници. 

    Во истиот период има зголемување и на бројот на летови – за три проценти во споредба со минатата година, односно на двата аеродрома се опслужени 20.141 лет. 

    Популарно

    Дојде зимата – каде има снег во моментов

    24.12.2025 во 13:20

    Ако имате текстилен отпад, фрлајте го во посебните контејнери: Кисела Вода со нов чекор за селектирање отпад

    26.12.2025 во 10:09

    ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува

    28.12.2025 во 12:19

    Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

    28.12.2025 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.