Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ќе присуствува на настан во Општина Брвеница по повод започнувањето на проектот „Училишта на 21 век – Фаза II“, кој се реализира во партнерство со Британскиот совет и Македонски Телеком.
Целта на проектот е унапредување на квалитетот на образованието преку развивање вештини кај учениците за критичко размислување, решавање проблеми и основи на кодирање, со што тие подобро ќе се подготват за предизвиците на современиот пазар на труд.
Во рамки на настанот ќе биде презентирана програмата на проектот, а ќе се одржи и практична демонстрација во опремена училница со учество на ученици и наставници.


