,,Се извинувам што провокативно ќе направам пауза и ќе го повишам мојот тон заради тоа што имаме овде, себично однесување и доведување до заблуда на јавноста во населба Кисела Вода. Зошто? Заради тоа што имаме советници кои го злоупотребуваат нивното дејствување со замајување на јавноста. Почитуван Петар, ќе ви се обратам на вас директно, заради тоа што на видеото го слушнав вашиот глас, па ќе ве прашам, зошто асфалтот кога го вадевте и правевте театар за граѓаните, а претходно моите сознанија се дека е копано таму и намерно е кршен истиот. Ви се обраќам со вие, а Петар, бидејќи вие мене со ,,ти“ ми се обраќате, нема да паднам на вашето ниво. Нема да паднам на вашето ниво и на вашите провокации и на вашите закани, кои ги правите и јавно ќе кажам, да, ми се заканувате по моите деца. И тоа нема никогаш да ви го простам и сега кога го правевте тоа, зошто не го извадивте поголем дел од асфалтот, зошто не покажавте во кој дел од асфалтот вади, во кој дел од улицата вадите или само театар правите и правите граѓаните да не се чувствуваат безбедни и да не се чувствуваат убаво во средината во која макотрпно цела Општина Кисела Вода работи. Заради тоа што навистина имаме проекти со кои што можеме да се пофалиме. Имено, и затоа ги имаме многу, па да продолжам. Бидејќи овие проекти кои што се како што се и на следната точка ќе видите. Имаме ,,Невена Георгиева-Дуња“, основно училиште, каде што при крај е објектот со изградба, а рокот бил до следната година. ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ“, каде со гордост можеме да кажеме дека општина кисела вода овозможуваме едносменска настава, заради тоа што има еден куп училници плус дополнително. Да, ама вие заканувајте, ама вие глумете. Вие, со прст што мавтате и што се заканувате по деца на градоначалник, на мајка. Вие бирајте си ги зборовите. Почитувани, многу проекти за коишто навистина со гордост како градоначалник можам да кажам, благодарност на администрацијата, благодарност на изведувачите, истите наместо да бидат завршени во 2027 година, тие се завршени предвремено. Така се работи за граѓаните“, посочи градоначалничката на Општина Кисела Вода, Стаменкоска Трајкоска, во своето обраќање
- Андоновски: Инвестициите во ИКТ го движат економскиот раст
- Нов ценовен шок: Нафтата нагло поскапе по ескалацијата на Блискиот Исток
- Малолетничка допирана по телото од пријател на очувот – случајот го пријавила мајката
- МВР потврди: Заменик-директор на сектор-администрација во Царина е приведен за мито
- Стаменкоска Трајкоска: Заканите од советниците од политичката партија Левица не можат да ги запрат резултатите
- Ковачки: Признание за придонесот кон одбраната, продолжуваме со работа и посветеност кон Македонија
- Апсење во Царина: Директор падна со бележани 15.000 евра – пробал да бега
- Уапсен заменик-директор во Царината: Побарал над 15.000 евра мито за тендер, па бегал од полицијата


