Стигна потврда и од МВР за апсењето на заменик директор на бизнис администрација во Цариската Управа.
Оттаму велат дека лицето е фатено со мито од 17.500 евра
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК. Во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа. Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра. По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.
За потсетување, како што известивме претходно Џ.И. вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15 илјади евра поврзано со тендер во Царинската управа.МВР, преку Бирото за јавна безбедност, обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот.По преземањето на парите, директорот не застанал на полициските наредби и се дал во бегство.
По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.


