Стаменкоска Трајкоска: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за дополнување на Законот за наставниците

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, по скратена постапка, најави денеска пратеничката од оваа партија Бети Стаменкоска Трајкоска.

Како што посочи Стаменкоска Трајкоска, се работи за идентичен закон со законот што го имаат поднесено од СДСМ, кој, како што рече, го користат за манипулации на јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ било против зголемување на платите на наставниците и подобрување на воспитнообразовниот процес.

– Значи се работи за ист закон, но едиствената разлика е тоа што во овој Предлог закон го нема делот со кој СДСМ сака да си ги згрижи своите партиски војници во образованието и наместо квалитет во наставниот кадар сакаат да извршат груба партизација што ќе биде на штета и на образовниот процес и на штета на нашите деца. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака и секогаш се стреми кон повисоки плати за наставниот кадар и токму затоа го поднесуваме овој закон, изјави Стаменкоска Трајкоска, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со овој Предлог закон, како што посочи Стаменкоска Трајкоска, ќе се создаде правна сигурност со која платите во образованието ќе се  усогласат по колективен договор, со минималната плата на национално ниво.

14.02.2022 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега