ССМ на протест: „Инфлацијата ги изеде парите за прослави“

Сојузот на синдикатите на Македонија организира голем работнички протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и работниците од работниот однос.

-ССМ овој 1 Мај нема да слави, туку ќе протестира. За да славиме потребни ни се пари, а парите ни ги изеде инфлацијата. Затоа, сите работници, пензионери, младината да излезе заедно и да им кажеме на работодавачите без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор дека ни е потребно што побрзо зголемувањето на платите. Ние не лиферуваме со проценти бидејќи процентот значи за едниот работник помалку, а за друг работник повеќе. Нашата интенција како ССМ е да им помогнеме на најниските слоеви на работници со најниски плат, ка претседателот на ССМ, Дарко Димовски.


ССМ, истакна Димовски, не се откажува ниту од тоа да го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор.

 

30.04.2022 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега