Српскиот министер за здравство: Ќе може да одиме на море- ако вака продолжиме коронавирусот ќе биде ставен под контрола до лето

 

Српскиот министерот за здравство, Златибор Лончар, денес рече дека ако продолжат вака, ако се дисциплинирани, ако се вакцинираат, може да ја постигнат целта до летото и да го стават коронавирусот под контрола.

- Тоа значи дека ќе имаме добра ситуација и ќе размислиме за она за што не можевме да размислуваме. Ќе можеме да размислиме за одење на море. Од нас зависи, имаме шанса, на вистинскиот пат сме - рече тој.

Тој исто така посочи дека официјално започнала ревакцинацијата, но и дека вакцинацијата ќе продолжи.

- Она што е важно за граѓаните е да одат на истото место каде што беа вакцинирани и таму да ја направат ревакцинацијата на денот кога е планирано. Продолжуваме со вакцинацијата, пристигнаа дополнителни количини вакцина Фајзер, дополнителни количини руска вакцина. Најважно е што мислам дека граѓаните ја сфатија важноста на вакцинацијата- рече Лончар.

 

Тој додаде дека досега се вакцинирани 557.000 граѓани на Србија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега