Српскиот министер за одбрана Вулин е позитивен на коронавирус

Српскиот министер за одбрана на Србија, Александар Вулин, е позитивен на коронавирус и е во самоизолација, соопштило денеска Министерството за одбрана.

Како што се наведува, Вулин бил тестиран откако еден од државните секретари во Министерството бил хоспитализиран поради позитивен тест на Ковид-19.

Покажано е дека Вулин продолжува редовно да ги извршува должностите на министерот за одбрана, придржувајќи се до сите пропишани мерки при самоизолација, и додал дека нема никакви симптоми и дека се чувствува добро.

„Министерот за одбрана Александар Вулин уште еднаш апелира до сите граѓани да се придржуваат кон мерките донесени од Републичкиот кризен штаб и Владата на Србија со цел да се спречи ширењето на вирусот“, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега