Српскиот епидемиолог Тиодоровиќ: На пат сме кон катастрофа- болниците преполни, нема место за попуштање на мерките

Член на медицинскиот дел на Кризниот штабво Србија, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ, оцени дека последната промена во мерките не е концесија, туку усогласување на мерките со животот.

Тој процени дека во моментов нема простор за отстапки од неколку дена.

- Се наоѓаме во вонредна ситуација, болничките установи и амбулантите се пренатрупани. Затоа сме на пат да ја процениме ситуацијата како катастрофална - рече Тиодоровиќ за ТВ Прва.

Тој додаде дека е време решително да се справиме со проблемот, затоа што во ковид болниците има можеби најголем притисок досега.

- Ако еден месец, месец и половина, ги спроведуваа мерките во целост, со силна контрола и покриеност, ќе беше поинаква ситуација. Би имале само спорадични случаи, не како сега - верува тој.

Тиодоровиќ додаде дека доколку се спроведат мерките, состојбата може да биде подобра до почетокот на летото, така што треба да се размисли и за одмор.

За отворање на угостителски објекти и трговски центри ќе се дискутира доколку бројот на позитивни и болни лица почне да се намалува во наредните денови, па болниците се малку олеснети.

- Можно е доколку се почитуваат мерките до крај, да имаме подобра состојба до следната недела, за да можеме да предвидиме кога можат да функционираат угостителските објекти и трговските центри - рече тој.

 

Тој посочи дека треба да се вакциниртаат многу повеќе за да постигнеме колективен имунитет од 60-70 проценти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега