Српски таксист: Ме запре девојка, ми даде 50 евра и ми кажа не треба кусур, а тоа веднаш ми стана сомнително
Драма која се случила утрово на Бранков мост во Белград е главна тема во српските медиуми. Една девојка сакала да скокне во реката, но за среќа таксистот успеал да ја спаси.
Таксистот Никола Голубовиќ качил во такси една девојка, која му дала 50 евра, по што му рекла дека не требало да ѝ враќа кусур, а тогаш му станално сомнително
Девојката пишувала на телефон, по што го фрлила на совозачкото седиште и му рекла на возачот да го задржи.
Таксистот се обидел да ја зборува со неа и да открие што се случува, но девојката не сакала да одговори и да се откаже од намерата.
Излегла од автомобилот и почнала да оди кон работ на мостот за да скокне, по што таксистот открива што се случило.
„Со брзина на куршум излетав од автомобилот и скокнав една ограда за да стигнам до неа. Таа се обиде да скокне, но ја фатив со двете раце. Нејзиното тело почна да ми се лизга, по што побарав помош од еден камионџија кој реши да застане. Му реков – пријателе помагај ќе ја загубиме. Едвај успеавме да ја спасиме. Искрено, се плашам што ќе ѝ се случи. Девојката беше пристојна, но ми кажа дека имала голем пад во животот“, открива таксистот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа