Српски психолог открива зошто Милена Радуловиќ се смее на фотографијата со Мика Алексиќ

Српски психолог ја анализираше фотографијата на која може да се види актерката Милена Радуловиќ насмеана покрај професорот Мирослав Мика Алексиќ. Вели дека тоа всушност е маска за болката.

„Емоциите, па така и болката, може да се изразат преку смеа. Поради голем страв жртвите можат да ја активираат смеата како одбранбен механизам. Ова важи за луѓето кои доживеале голема траума. Смеењето има моќ да потисне, посилно е од многу негативни емоции, па со самото тоа жртвите со смеењето го потиснуваат негативното искуство“, рекол психологот за Објектив.рс.

Според српските медиуми, иако во моментот неколку девојки се официјално вклучени, од ден на ден пристигнуваат нови анонимни пријави.

Според сведочењата, Алексиќ првпат ја силувал Радуловиќ во 2012 година, кога таа имала 17, а тој 61 година. Српски Курир пишува дека Алексиќ со месеци бил под надзор, а освен изјавите на девојките собрани се и други, материјални докази. Наводно полицијата поседува аудио и видео снимки од сексуалното злоставување на девојките во училиштето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега