Српската пејачка доживеала пекол: По заканите со пиштол, поранешното момче доби забрана да биде во нејзина близина

Во медиумите како бомба одекна веста дека пејачката Маја Николиќ го пријавила својот поранешен емотивен партнер дека и се заканувал со пиштол.

Обвинителот на поранешното момче на Маја му изрече итна забрана за приближување, а судијата ја продолжи мерката.

Соседите на пејачката наводно слушнале викање и расправија од станот, како и врисоци на Маја, но и глас на непознат маж. Според нив, тој силно ја треснал вратата по излегувањето од станот, а Маја после тоа била видно нервозна.

Инаку, соседите на Маја тврдат дека нејзиното поранешно момче воопшто не било пријателски настроено и изгледало како постојано да се крие од некого.

23.03.2023 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега