Close Menu
Press24
    Најново

    Падна камионџија: Српската полиција заплени 50 килограми марихуана во камион од Унгарија

    20.02.2026 во 18:12

    Украдени се работите на Бака Прасе од запалениот автомобил вреден половина милион евра

    20.02.2026 во 18:09

    Трагедија: Фудбалер пронајден мртов во шума

    20.02.2026 во 17:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Падна камионџија: Српската полиција заплени 50 килограми марихуана во камион од Унгарија
    • Украдени се работите на Бака Прасе од запалениот автомобил вреден половина милион евра
    • Трагедија: Фудбалер пронајден мртов во шума
    • Хаос околу тренерките во училиштата во регионот: Еве кога учениците ќе бидат исфрлени од училница
    • Голем удар за Белата куќа: Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп
    • Еве кој може да смета на речиси 1.500.000 динари: Српската влада усвои уште една програма за поддршка
    • СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски
    • (ФОТО) МВР со шокирачки детали за планираниот масакр во Македонија: Терористот спремал над 600 куршуми, ножеви, автоматски пушки и панцири
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Среќен карај на спасувачката акција: Евакуирани сите алпинисти што беа блокирани на Еверест

    Среќен карај на спасувачката акција: Евакуирани сите алпинисти што беа блокирани на Еверест

    08.10.2025 во 10:45
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Спасувачите синоќа евакуираа сите останати лица кои беа блокирани во близина на источната страна на врвот Еверест во Тибет, меѓу кои и стотици локални водичи и пастири на јакови, со што заврши една од најголемите спасувачки операции во регионот.

    Стотици алпинисти беа блокирани од длабок снег за време на викендот во изолираната долина Карма, откако невообичаено силна бура го прекри регионот со обилни снежни врнежи.

    Во саботата цел ден паѓал снег во долината која се наоѓа на просечна надморска височина од 4.200 метри. Во неделата спасувачите евакуирале околу 350 лица на безбедно место.

    Вкупно 580 туристи, заедно со повеќе од 300 водичи, пастири на јакови и друг помошен персонал, биле евакуирани, соопшти официјалната кинеска новинска агенција Синхуа.

    Долината Карма првпат била истражена од западни патници пред еден век. Во последните години, со развојот на регионот околу врвот Еверест во Тибет како главна туристичка атракција, областа привлекува сè повеќе посетители. Минатата година над 540.000 туристи го посетиле регионот на Еверест, што претставува нов рекорд.

    Областа околу Еверест останува привремено затворена, забележува Синхуа, вклучувајќи ги долините Карма и Ронгшар, како и Чо Оју.

    Обилните снежни врнежи за време на викендот ги погодија и стотици туристи во други делови на западна Кина, меѓу кои Синџијанг, Цингхај и Гансу. Најмалку едно лице загинало од хипотермија и акутна висинска болест.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.