Средношколец го истакнал албанското знаме во училиште - директорот пријавил во полиција
Денеска (30.11.2023) во 10.00 часот во СВР Велес, директор во средно училиште во Велес пријавил дека во училишниот двор од страна на ученик во училиштето било истакнато знаме на Република Албанија.
Во присуство на социјален работник со малолетникот е извршен службен разговор, а знамето е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
30.11.2023 - 17:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа