Средношколци од СОУ „Перо Наков“ од Куманово денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија како дел од едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.
„Имам став!“ е настан наменет за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.
– Целта на „Имам став!“ е младите да ја запознаат работата на Собранието и процесот на донесување закони, да ја развијат свеста за демократијата и да ги поттикне на општествена и политичка критичност и активно вклучување – соопшти собраниската прес-служба.


