Close Menu
    Најново

    Захарова: Статијата на „Фајненшл тајмс“ има цел да ги наруши преговорите меѓу Русија и САД

    12.11.2025 во 22:51

    Скок на американските акции

    12.11.2025 во 22:47

    Македонија и се е можно: Биле во затвор, а си земале плата од Комунална хигиена

    12.11.2025 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Захарова: Статијата на „Фајненшл тајмс“ има цел да ги наруши преговорите меѓу Русија и САД
    • Скок на американските акции
    • Македонија и се е можно: Биле во затвор, а си земале плата од Комунална хигиена
    • Избодено 12-годишно дете среде скопски Центар
    • Ирски регулатор започнува истрага против Икс поради жалби на корисници
    • Г7 ја потврди поддршката за Украина и воведе нови санкции против Русија
    • Николоски за Топ Тема: За ефикасен транспорт на Скопје му треба комбинација од градскиот воз, нови автобуси и БРТ
    • (ВИДЕО) Трипуновски: За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Средба Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел – стабилен и економски поврзан регион

    Средба Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел – стабилен и економски поврзан регион

    12.11.2025 во 19:08
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ.

    На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.

    „Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата потпретседателот и министер Стоилковиќ.

    Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.

    „Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави потпретседателот и министер Стоилковиќ.

    Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.

    Популарно

    Скокна К15 за 2025 – вработените во државно ќе земат 100 евра помалку од приватниците

    12.11.2025 во 10:21

    Орце ја викнал полицијата: Ќе има командна одговорност

    12.11.2025 во 09:30

    (ВИДЕО) Трипуновски: За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал

    12.11.2025 во 20:49

    (ВИДЕО) Николоски: Реконструкцијата на обиколницата Крива Паланка е значаен проект за Коридор 8 и врската со Бугарија

    12.11.2025 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.