Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на работната посета на Виена, оствари средба со Северин Грубер, генерален секретар во федералното Министерство за економија.
На средбата на која беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше и за економската и трговска соработка меѓу двете земји.
Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска, соработка, Австрија се вбројува како еден од најголемите инвеститори во Македонија, а во таа насока соработката се темели на доверба, пријателски односи меѓу земјите и поволните услови за инвестирање.
Вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во развој на инфраструктурата и модернизација на транспортните коридори. Во таа насока го презентираше проектот за брза пруга на коридот 10, економските и транспортни бенефти од реализација на овој проект за регионот и Југоисточна Европа.
Вклученоста на Австрија во овој регионален проект ќе ги поттике економските перспективи на регинот, потенцира вицепремиерот Николоски и додаде дека истиот ќе придонесе за стабилизација, брз и сигурен транспорт на добра и патници.
На средбата се разговараше и за реализација на заеднички инвестиции во гасоводната мрежа, економските политики на владите, а разменија и мислења во однос на актуелните политички случувања и нивното влијание врз регионот.

