Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со министерот за труд на
Државата Катар, Али бин Самик ал Мари, со кој разговараше за можностите за унапредување
на соработката меѓу двете држави.
Претседателот Гаши потенцираше дека средбата се одржува во годината кога одбележуваме
30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, што верува
дека ќе претставува поттик за интензивирање на меѓусебната соработка, особено во делот на
економијата, енергетиката, туризмот и образованието.
Претседателот Гаши се осврна на парламентарната дипломатија и на нејзината значајна
улога во градењето на дипломатските односи насекаде во светот и е суштински елемент во
градењето мостови меѓу земјите и народите, особено во време на глобални предизвици.
Министерот Ал Мари изрази благодарност за гостопримството од страна на нашата држава и
нагласи дека неговото присуство е потврда за добрите односи што ги негуваат двете држави.
Тој потенцираше дека потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот
меѓу двете држави ќе биде почеток на меѓусебната соработка во повеќе области.
- Алкохолот поскапел најмногу: 2,7% инфлација во септември
- Дизелот под поголем притисок од суровата нафта, ризик од ново поскапување и во Македонија
- Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
- Од каде му се 335.000 евра на Груби за да плати за пасошот?
- Мицкоски: ЕУ препозна дека дел од членките го злоупотребуваат правото на вето
- МВР откри катастрофа во јавниот превоз – секој 4ти автобус неисправен
- Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето
- Мицкоски: Околу 25 милиони евра од Буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти

