Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија.  Како што информираше МНР, Муцунски ќе биде говорник на форумот посветен на геополитичките случувања на централна и источна Европа.
Присуството во Блед, Муцунски ќе го искористи за повеќе билатерални средби.  Како што информираше МНР, на маргините на форумот, Муцунски, денеска остварил средба со потсекретарот за политички прашања во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, Алисон Хукер.

 На средбата било потврдено високото ниво на билатералните односи и цврстото стратешко партнерство меѓу двете земји, како и заедничката определба за негово натамошно продлабочување и проширување во областите од заемен интерес.

Соговорниците разговарале за енергетската безбедност, регионалната поврзаност, како и за натамошното унапредување на економската и трговската соработка.

Exit mobile version