Средба Лимани-Палминтери: Во фокусот социјалните услуги
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Италија во Северна Македонија, Паоло Палминтери.
Како што соопштуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ), на средбата Лимани се осврнал кон приоритетните области на кои работи Министерството, со фокус на јакнење на социјалните услуги, инклузија на ранливи групи, зајакнување на младинските политики и управување со демографските предизвици.
– На средбата стана збор и за можностите за продлабочување на билатералната соработка, меѓу другото и за забрзување на постапката на ратификување на договорот за социјално осигурување меѓу двете земји, што претставува придобивка за граѓаните на двете држави. Во отсуство на нов договор, процесите за остварување на права од пензиско и социјално осигурување се значително отежнати. Тоа ќе овозможи ефикасна координација на осигурителните системи и побрзо остварување на правата на граѓаните, стои во соопштението.
На средбата, додаваат, било разговарано и за досегашната соработка на проекти во земјава со учество на невладини организации од Италија, каде во фокусот е подобрување на домувањето на Ромите како ранлива категорија, а со тоа и обезбедување пристојни услови за живот на истите, како и подобрување на пристапот до социјални, образовни и здравствени установи и социо-економската вклученост на ромската заедница во локалните заедници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа