Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Ужасни снимки: Дрон го погоди меѓународниот аеродром во Кувајт, има повредени

    28.02.2026 во 18:45

    Мицкоски утре во Крива Паланка: Се пушта во употреба реконструираната обиколница

    28.02.2026 во 18:22

    (ВИДЕО) Дубаи во пламен: Ирански ракети го погодија центарот на градот, хотелите во пламен

    28.02.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Ужасни снимки: Дрон го погоди меѓународниот аеродром во Кувајт, има повредени
    • Мицкоски утре во Крива Паланка: Се пушта во употреба реконструираната обиколница
    • (ВИДЕО) Дубаи во пламен: Ирански ракети го погодија центарот на градот, хотелите во пламен
    • Пролетта ни доаѓа порано од очекуваното, еве што велат експертите
    • Приведен скопјанец: Во неговиот автомобил пронајдени две малолетнички
    • (ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илијадници патници
    • Ужас во Карпош: 16-годишна малолетничка пронајдена во бессознание, она што го пронајде полицијата кај неа е загрижувачки
    • Иран ги објави целите на нападот: Ракетирани американски бази во пет држави и Израел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Хоџа–Солстром: Шведска – клучен партнер во еколошките реформи

    Средба Хоџа–Солстром: Шведска – клучен партнер во еколошките реформи

    21.01.2026 во 17:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, г. Ола Солстром, на која беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата.

    Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната средина, кои придонесуваат за усогласување со европските стандарди и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Притоа беше нагласено дека Шведска е трет најголем донатор на Министерството, по Европската унија и Швајцарија.

    На средбата беа презентирани тековните и планираните заеднички проекти, со посебен акцент на управувањето со отпад, зајакнувањето на институционалните капацитети за Поглавје 27 и активностите за подобрување на квалитетот на воздухот.

    Посебно внимание беше посветено на регионалните и националните иницијативи за справување со загадувањето на воздухот, вклучително и проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој се реализира со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и УНДП.

    Министерот Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за продолжување и продлабочување на соработката со Кралството Шведска, во насока на заштита на животната средина и забрзување на европската интеграција на Северна Македонија.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    Дел од строгиот центар на Скопје денеска ќе остане без струја цели осум часа

    27.02.2026 во 09:28

    (ВИДЕО) Дубаи во пламен: Ирански ракети го погодија центарот на градот, хотелите во пламен

    28.02.2026 во 18:02

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.