Ова не е невнимание. Ова е неодговорност!

Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.

Инспекциските служби веќе постапуваат по овој случај, информира на ФБ градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески.

Благодарност до совесните граѓани кои реагираа и го пријавија случајот. Ги повикувам сите граѓани да пријавуваат вакви постапки до Општина Аеродром, по можност со фотографија и точна локација.

Ние ќе го исчистиме и ова. Но, оние што создаваат диви депонии мора да понесат одговорност!

Не молчете кога некој го уништува просторот во кој сите живееме!

Чист Аеродром е заедничка одговорност!

Exit mobile version