Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Срдановиќ по победата на изборите: Ќе градиме поинаква Србија и подобри односи со соседите

    Срдановиќ по победата на изборите: Ќе градиме поинаква Србија и подобри односи со соседите

    26.10.2026 во 11:192 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изградба на поинаква Србија, подобрување на односите со соседните држави и зајакнување на регионалната соработка се меѓу клучните приоритети на Илија Срдановиќ, носител на листата „Студентите победуваат“, по освојувањето на мнозинството на предвремените парламентарни избори во Србија.

    Во интервју за црногорската телевизија „Вијести“, Срдановиќ изјави дека изборниот резултат не бил изненадување за нивното движење, бидејќи во текот на целата кампања имале директен контакт со граѓаните и ги вклучиле нивните барања во изборната програма.

    „Во текот на целиот предизборен процес, преку директни средби лице в лице, го чувствувавме пулсот на нацијата и бевме во контакт со нашите граѓани. Тие нè запознаа како поединци, а ние од нив дознавме што им недостасува. Тоа потоа беше вградено во платформата на студентското движење. И тие поверуваа во квалитетот на она што им го кажувавме. Знаевме – и постојано го тврдевме тоа – дека исходот ќе биде токму ваков“, изјави Срдановиќ.

    Тој посочи дека победата отвора нов период за управување со државата, со фокус врз добрососедските односи и зајакнување на соработката со регионот и меѓународната заедница, упатувајќи и критики кон претходната власт.

    „Ние ќе изградиме подобра Србија, за доброто на нашите граѓани и за подобрување на меѓудржавните односи. Ви благодарам на сите“, порача тој.

    Според конечните проекции на ЦеСИД и Ипсос, засновани на 96 проценти обработени податоци, листата „Студентите победуваат“ освои 140 од вкупно 250 пратенички мандати, со што обезбеди апсолутно мнозинство во Собранието. Листата „Обединета Србија“ предводена од Александар Вучиќ освои 103 пратенички места.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.