Србија денеска ќе ѝ донира 100.000 дози вакцини на Босна и Херцеговина

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на аеродромот во Сараево ќе го предаде контингентот вакцини на компанијата „Астразенека“, што Србија ѝ ги донира на Босна и Херцеговина.

Донацијата на вакцини ќе ја поздрават претседателот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Жеjко Комшиќ и Сефик Џаферовиќ.

Предавањето на контингентот вакцини, неопходен за имунизација на граѓаните на Босна и Херцеговина против коронавирусот, ќе биде организиран на Меѓународниот аеродром во Сараево, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.

Вучиќ претходно најави дека на Босна и Херцеговина ќе ѝ бидат дадени 10.000 дози од вакцината „АстраЗенека“, што ги набави Србија.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега