Спремете се: Утре алармантно ниски температури до -16 степени

Времето утре ќе биде ведро и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утрото ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена, а во североисточните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен во сабота. Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег.

25.01.2022 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега