Спремајте повеќе пари: Поскапуваат бензините од полноќ

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 % во однос на одлуката од 6.3.2023 година.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,321 денари/кг и сега ќе изнесува 41,667 денар/кг.

Од 14.3.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 83,50 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,50 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 77,50 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,50 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 41,667 (денара/килограм)

13.03.2023 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега