Денеска во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба.
Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75 врзана со жица на рачката на возачката врата.
Исто така, извршен е и преглед во друго возило „фиат“ со италијанска национална ознака, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто така, живее и работи во Италија, при што во гепекот е пронајдена една кутија со 100 куршуми кал. 7,62 мм за автоматско оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник
- Шумски пожар во скопски Сарај – екипите на терен
- Рокас: Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување
- „Играме за да победиме“ – порача унгарскиот премиер на пат кон Вашингтон
- Мицкоски: Владата останува 100% усогласена со политиките на ЕУ – целта е полноправно членство
- Министерот Алиу и амбасадорот Палминтери со заедничка визија за посилно здравство
- Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен
- Гаши со ректорот Фетаји: Собранието подготвено да ја поддржи реформата и развојот на високото образование

