Густ црн чад денеска се крена над центарот на Скопје, предизвикувајќи паника кај граѓаните. Пожарот избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница во непосредна близина на Тутунскиот комбинат. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот е локализиран пред да се прошири на околните објекти.

На терен излегле три противпожарни возила и тим од 10 пожарникари кои успеале за кратко време да го совладаат огнот.

Иако чадот можеше да се види од речиси сите делови на главниот град, за среќа, инцидентот заврши само со материјална штета. Нема повредени лица, а пожарникарите останаа на терен до целосно расчистување на згариштето.

Exit mobile version