Илијана Јотова денеска стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради неговата поднесена оставка.
Јотова му се заблагодари на Радев (шеф на државата во периодот 2017-2026 г.) за деветгодишната заедничка работа, нагласувајќи дека останале доследни на заложбата за работа во интерес на граѓаните и Уставот.
„Благодарам што девет години бевме заедно и го одржавме нашиот најважен завет – да работиме единствено за интересите на бугарските граѓани со одговорност кон бугарскиот Устав“, изјави Јотова, пренесува БТА.
Таа најави дека и во иднина ќе продолжи да работи со истата сила, храброст и разум за доброто на Бугарија.
Од своја страна, Радев ѝ се заблагодари за професионалноста и посветеноста во текот на неговиот мандат.
Радев беше испратен преку свечениот влез на претседателството од страна на Јотова, која веднаш ги презеде државничките обврски.

