Со ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток и војната во Украина, стравот од нов глобален судир повторно се актуелизира. Британскиот „Метро“ објави листа на 12 локации кои, поради својата географска изолација и политичка неутралност, нудат најголеми шанси за преживување дури и во сценарио на нуклеарна катастрофа.

На врвот на листата се Нов Зеланд и Австралија. Експертите сметаат дека овие земји на јужната хемисфера би можеле да го одржат земјоделското производство дури и во услови на нуклеарна зима, кога на северот храната целосно би исчезнала.

Исланд и Швајцарија остануваат синоними за безбедност во Европа. Додека Исланд е заштитен со својата оддалеченост во Атлантикот, Швајцарија се потпира на својата вековна неутралност и планински терен.

Меѓу егзотичните, но безбедни дестинации се издвојуваат Тувалу и Фиџи во Пацификот, како и Бутан на Хималаите. Овие места се далеку од главните воени рути и геополитички цели.

За оние кои бараат самоодржливост, Аргентина, Чиле и Јужна Африка се клучни поради огромните ресурси на храна и вода, додека Антарктикот останува последното прибежиште за тотална изолација, иако со екстремно сурови услови за живот.

Exit mobile version