Европската интеграција на Западен Балкан не е натпревар, туку заедничко патување, порача албанската министерка за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали, при нејзината прва официјална посета на Скопје. Таа истакна дека Албанија, која за само 13 месеци отвори 34 поглавја, стои како силен партнер и поддржувач на македонските евроинтеграции.

Спиропали потенцираше дека стабилноста на Македонија и нејзините силни институции се клучни за целиот регион.

„Географијата нè постави како соседи, историјата нè научи да бидеме пријатели, а економијата нè прави партнери. Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија затоа што овде живее државотворен народ кој придонесува за заедничката иднина“, нагласи Спиропали.

Двете страни се согласија дека фокусот во наредниот период ќе остане на борбата против корупцијата, владеењето на правото и инфраструктурното поврзување како клучни столбови на „европската траекторија“ на двете земји.

Exit mobile version