Божиќната прослава на вработените во загрепскиот јавен превоз (ЗЕТ) се претвори во вистинско бојно поле и срам за компанијата. Она што требаше да биде празнично дружење на 460 гости во Ругвица, ескалираше во диво оргијање и брутален физички напад врз музичарите од бендот „Џој“.

На социјалните мрежи веќе кружат шокантни снимки на кои се гледа како гости се соблекуваат голи, се качуваат на маси и танцуваат со гениталиите пред присутните. Сепак, вечерта заврши крваво кога неколку вработени во ЗЕТ физички ги нападнале музичарите на сцената.

Еден член на бендот завршил со тешки телесни повреди: скршени ребра, посекотини на главата кои морале да се шијат и модринки по целото тело. Нападнатиот музичар потврди дека случајот е веќе дел од кривична истрага.

Exit mobile version