Регионалната музичка сцена е обвиена во црно по веста за трагичната смрт на Самир Хоџиќ, познатиот хармоникаш и долгогодишен соработник на фолк-ѕвездата Ханка Палдум. Хоџиќ го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во местото Незуци, во близина на Вишеград.

Според информациите од босанските медиуми, несреќата била пријавена во 6:50 часот утрово. Во судирот учествувале две патнички возила, а последиците биле фатални за познатиот музичар.

Полициските екипи и дежурниот обвинител од Источно Сараево извршиле увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги утврди прецизните причини кои довеле до оваа кобна несреќа.

Exit mobile version