Спиењето во оваа поза го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест - што препорачуваат експертите

Симптомите на деменција вклучуваат слабо помнење, потешкотии со концентрацијата и побавно размислување. Но, постои можност секојдневно да ја зголемувате шансата за појава на оваа болест ако спиете во една поза.

Некои мали промени во начинот на живот можат да ги намалат шансите за развој на Алцхајмерова болест во подоцнежниот живот. Експертите тврдат дека еден од најдобрите начини да се заштитите од деменција е токму редовното спиење на колк односно странично. 

Од друга страна, спиењето на стомак може да ги зголеми шансите за појава на Алцхајмерова болест подоцна во животот, предупредува д-р Стивен Винигер.

Имено, кога спиеме, телото се обидува да се ослободи од вишокот токсини и штетни материи, а ако спиеме на стомак, тоа потешко се одвива. Токму на тој начин, токсините со текот на времето се акумулираат и можат да придонесат за зголемување на ризикот од деменција.

Спиењето на грб е попожелно од спиењето на стомак, но за да се овозможи најдобар проток на течности кои ги исфрлаат токсините, експертите препорачуваат лежење на колк.

Според зборовите на д-р Винигер, за само една деценија спиење на колк можете значително да го намалите ризикот од деменција во староста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега