Спасовски за кандидатурата на Димитриевски: Таков предизвик во Куманово имало и во минатото
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски воздржан дали опозицијата ќе добие предност во Куманово поради тоа што актуелниот градоначалник Максим Димитриевски поднесе независна кандидатура.
– Неколку кандидати не се објавени, бидејќи се завршуваат анализите внатре во партијата. Кога ќе завршиме, ќе ги објавиме кандидатите. Таков предизвик имало во Куманово и во минатото. Секој сам одлучува како ќе постапи. Јас мислам дека семејството, во овој случај. политичкото семејство е пред се. Интересот на градот, на државата треба да биде ѕвезда водилка и со таков интерес ќе настапиме и во Куманово – рече Спасовски за Канал 5.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа