Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Убиство во Скопје
    • Манасиевски: Филипче, ти си следен
    • Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија
    • Двајца млади Срби загинаа, а еден е тешко повреден во сообраќајка во САД: Прогласена тридневна жалост
    • Тажна вест: Почина млад водител на само 34 години
    • Нема да се избира само најевтината понуда: Нови правила за јавните набавки
    • Еболата стигна до Европа?
    • Македонски пратеници со Руте разговараа за приоритетите на НАТО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

    Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

    22.07.2026 во 20:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5.

    ој посочи дека одговорноста мора да ја понесат сите надлежни институции – од Владата и здравствените власти, до Институтот за јавно здравје и сите институции кои имале законска обврска навремено да реагираат, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

    „За ова што се случува во Гостивар, одговорноста е на сите нивоа – од централно до локално. Досега не слушнав дека некој од министрите чувствува одговорност. Зошто затајувањето на здравствените власти не понуди никаква одговорност? Моментот кога првите 200 граѓани од Гостивар се пријавиле во болница не значел ништо ниту за здравствените власти, ниту за Владата. Првичната реакција следува дури по пет или шест дена“, нагласи Спасовски.

    Спасовски потенцираше дека токму ваквото институционално постапување покажува како оваа власт ја води државата.

    „Треба да се признае. Да се признае дека ни се случи Кочани и дека нема никаква промена во системот. И дека сега ни се случува ова што се случува во Гостивар, а институциите една недела молчат и ништо не прават во тој момент“, рече Спасовски.

    Тој нагласи дека јавноста сè уште нема одговори на најважните прашања – каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и какви биле резултатите од нив.

    „До ден-денеска немаме никаков одговор во однос на тоа каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и така натаму. Ако мострите покажале дека водата била исправна, тогаш треба да се утврди што се случило, како се направени тие испитувања и дали извештаите реално ја отсликувале состојбата“, рече Спасовски.

    Спасовски посочи дека Институтот за јавно здравје има законска обврска континуирано да ја следи исправноста на водата за пиење и да постапува навремено.

    „Што правел Институтот за јавно здравје? Тие се обврзани да ја прават контролата на водата, не само во еден град, туку во сите градови“, истакна Спасовски.

    Прочитај повеќе

    Убиство во Скопје

    27.10.2026 во 11:59

    Манасиевски: Филипче, ти си следен

    27.10.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.