Сопствениците на градежните парцели кај „Треска“: Имотот на „Треска“ нема никаква врска со стечајните работници

 

Стечајните работници од поранешната фабрика за производство на мебел „Треска“, кои бараат исплата на придонесите во период од 18 месеци и исплата на заостанатите плати за период од две години, немаат никаква врска со имотот на фабриката.

Ние сопствениците на приватни парцели на имотот кај поранешната фабрика „Треска“ сакаме да ја потсетиме јавноста дека нема никаков имот во стечајната маса на „Треска“, ниту ние сме купиле имот од оваа стечајна маса. Оттука, категорично ги отфрламе тезите дека стечајните работници имаат каква било поврзаност со имотот на фабриката и дека ние како нејзини сопственици имаме обврска да ги исплатиме нивните долгови.

За потсетување, за локацијата се водеше 20-годишен судски спор по кој најголемиот дел од имотот, 92 %, му припадна на едно лице по пат на денационализација, а само 8 % влегоа во стечајната маса, од која беа обесштетени некои од вработените. Исплата на средства и стаж добија само вработени во „Треска мебел“, а оние што работеле во другите седум друштва на фирмата „Треска“ не добиле никакви средства. Причината за ова лежи во тоа што друштвата биле формирани од „Треска мебел“, но без никаков имот.

Затоа, за сите одговори, нејасностии и исполнување на работничките права ги упатуваме стечајните работници да ги побараат од институциите и од стечајниот управник, кој ја извршил продажбата на оваа некогашна индустриска сила.

19.04.2022 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега