АХВ во вонредни контроли: Затворени се 13 игротеки, 32 заработија казни

 


Вонредни контроли од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство откриле дека од 92 игротеки каде спровеле контрола, кај 24 биле констатирани недостатоци.

АХВ информира дека 16 од нив не се регистрирани како оператор со храна, додека други 8 не ги исполниле хигиенските услови, односно не ги спроведувале процедурите за добра хигиенска пракса.

-Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на месецов изврши увид во игротеките. Со проверките беа опфатени 92, од кои 16 не се регистрирани во АУВ како оператор со храна. Во 8 од нив инспекторите утврдиле дека не ги исполнуваат хигиенските услови, односно не ги спроведуваат процедурите за добра хигиенска пракса. Во 16 игралишта е констатирано дека вработените не вршеле здравствени контроли, како и констатирани отстапувања во однос на безбедноста на храната, при што се запленети и безопасно уништени 11,5 килограми млеко. За откриените нерегуларности издадени се 19 решенија и наредени се мерки за нивно отстранување, 13 центри се привремено затворени и кај 32 изречени се парични казни, информираат од агенцијата.

15.10.2024 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега