Полицијата пронајде стебла канабис во прилепско, уапсен 67-годишен маж
Вчера во 14:20 часот во с.Бешиште, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина и од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Прилеп, со пресој во с,Бешиште. При претрес во неговиот дом во селото, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се стебла од растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Д.Ј. е задржан во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
14.09.2025 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа