Сопругата на претседателот: Не носете маски со филтер, капките излегуваат низ вентилот

 

Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на претседателот, која работи на Стоматолошката клиника, сподели неколку совети за заштитните маски за коронавирус.

Таа препорачува да се избегнуваат маски со вентил, бидејќи низ вентилот при издишување во млаз се исфрлаат и ситните капки во кои е концентриран вирусот.

Според неа, најдобро е да се носат трослојни маски од платно за да се заштитите себеси и сите околу вас. Медицински маски треба да се носат ако имате Ковид 19 или ако се грижите за лица болни од вирусот, ако имате над 60 години или ако имате хронична болест.

Избегнувајте маски со вентил! Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат...

Posted by Elizabeta Gjorgievska on Saturday, 1 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега