Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, синоќа присуствуваше на приемот што во Њујорк го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп.
На приемот присуствуваа сопруги на шефови на држави и влади кои се во Њујорк по повод 81. Генерално собрание на Обединетите нации.
Настанот беше организиран во рамки на иницијативата „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), која е насочена кон поддршка на децата и младите, како и создавање можности за нивно образование и развој.
Во своето обраќање, Меланија Трамп истакна дека присутните претставуваат различни култури, јазици, истории и традиции, но дека ги обединува заедничката грижа за иднината на децата.
Првата дама на САД порача дека иднината на светот во голема мера ќе зависи од тоа какви услови и можности ќе им бидат обезбедени на најмладите денес.


