Со длабока тага и болка ја примивме веста дека нe напушти нашиот долгогодишен член и искрен соборец Влатко Стефаноски. Ова на Фејсбук го напишаа од СДСМ-Кичево.

-Замина човек кој со години чекореше заедно со сите нас, вградувајќи го својот труд, идеали и енергија во секоја победа и во секоја борба на СДСМ. Неговото присуство, верност и несебична поддршка оставаат трага што нема да се избрише.

Ова е голема загуба за сите нас, но и за целото наше партиско семејство. Наша должност е да го чуваме споменот за него, за неговиот лик и за сe што направи за нашата заедничка цел.

Упатуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските.

Вечна му слава и нека почива во мир, напишаа од СДСМ-Кичево.

Погребот ќе се одржи денеска 23 септември, на Новите градски гробишта во Кичево. Телото ќе биде изложено во капелата на градските гробишта од 11:00 до 12:00 часот.

Exit mobile version