Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сопругата на Андреј ДНК со емотивна објава за ќеркичката: “Ангелски глас исто како тато”

    Сопругата на Андреј ДНК со емотивна објава за ќеркичката: “Ангелски глас исто како тато”

    Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за првпат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.
    25.03.2025 во 10:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сопругата на Андреј од ДНК кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, каде бендот имаше настап кобната вечер на 15 март, кога избувна пожар при што загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и напиша емотивно стори за својата ќеркичка Јана.

    – Ангелски глас исто како тато…уште  поискрен…славеј…напиша таа за ќеркичката.

    Претходно, сподели трогателен момент со нивната ќеркичка Јана. 

    – „Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе… А и ти ми требаш мене…“, рекла малата Јана, објави Наталија во Инстаграм стори.

    Со тага додава „Јана за 7 дена порасна како за 7 години”.

    Таа и претходно се огласи откако министерот Тошковски рече дека најверојатно некој од бендот ја донел пиротехниката во дискотеката.

    „Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за првпат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.

    Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.

    Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан. Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателитe“, напиша таа.

    Прочитај повеќе

    Во среда е голем христијански празник – Според народните верувања, од овој ден исчезнува жешкото време

    17.08.2026 во 10:17

    Ова се двата најчувствителни знака во Зодијакот: Сè доживуваат подлабоко од другите

    14.08.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.