На 2 април 2026 година, околу 16:55 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода, информира СВР Тетово.
Во несреќата учествувале две патнички возила – „Киа“ и „Пежо“. Возилото „Пежо“ го управувала 36-годишна жена од Тетово, која не поседувала возачка дозвола.
Поради претрпен стрес, а имајќи предвид дека станува збор за бремена жена, таа била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

