На 08.10.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Самоилова“ со ул.„Прохор Пчински“ и сервисна улица која води кон паркинг простор Кале во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(68) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од З.С.(54) од с.Стајковци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот З.С., констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Exit mobile version