Голем сообраќаен застој попладнево ја парализираше скопската обиколница по сериозна сообраќајна незгода кај Качанички пат. Двете коловозни ленти се целосно блокирани за сообраќај, што предизвика формирање на километарски колони возила.
На возачите кои веќе се наоѓаат на оваа делница им се советува трпение, бидејќи движењето се одвива со големи потешкотии. Надлежните служби веќе се на местото на настанот и работат на расчистување на коловозот.

