Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор
во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.
„Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса.
Решенијата за времена забрана на вршење на дејност ќе останат на сила се до
исполнување на потребните услови за работа“, стои во соопштението од АХВ.
Актуелно
- Мухамет Хоџа и Беким Сали се нови министри во тимот на Мицкоски
- Пресврт за пожарот во тетовската модуларна болница: Зголемени затворските казни на двајцата директори
- УЈП со важно соопштение до граѓаните
- Тренчевска: Нема пари за поголеми плати
- Сиљановска-Давкова со честитка за Божиќ: Празниците да бидат поттик за солидарност и взаемно почитување
- Кривични пријави за поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца општинари: Потпишале одобрение за ресторан кој не смеел да се гради
- Тренчевска: Разрешувањето на Муртезани е само политичка шминка
- ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска нема бугарски пасош

