Парламентарниот состав на Собранието наскоро ќе биде комплетиран по одржувањето на локалните избори. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница ги констатираше мандатите на тројца нови пратеници.

Новите пратеници се Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.

Тие доаѓаат на местото на пратениците кои беа избрани за градоначалници:

  • Бети Стаменкоска-Трајкоска (Кисела Вода)
  • Јане Мицевски (Сопиште)
  • Дејан Проданоски (Прилеп)

Верифицирањето на мандатите на новите тројца пратеници треба да помине на наредната прва пленарна седница на Собранието, која, како што информира спикерот Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите, се очекува да се одржува на 10 или 11 ноември.

-Државната изборна комисија врз основа на спроведената постапка, констатира дека пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за остатокот од мандатот согласно член 153 став 1 и член 153-а став 1 од Изборниот законик стануваат Александра Николовска од листата на кандидати за пратеници во Собранието за Изборна единица 1, Мартин Стојановски од Изборна единица 1 и Мито Андонов од Изборна единица 4. Државната изборна комисија, согласно член 31 став 2 точка 23 од Изборниот законик издаде уверение за избрани пратеници во Собранието на Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. ДИК на седницата одржана на 03.11.2025 година го усвои Извештајот и заклучи истиот да се достави до Собранието на Република Северна Македонија, истакна на денешната седница собраниската комисија потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири.

Exit mobile version