Close Menu
    Најново

    Невообичаен инцидент: Девојка каснала полицаец при апсење

    07.11.2025 во 15:20

    Пристигнуваат 80 нови автобуси до март, најави Ѓорѓиевски

    07.11.2025 во 15:00

    Внимавајте: Лажни инспектори пустошат низ Охрид

    07.11.2025 во 14:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Невообичаен инцидент: Девојка каснала полицаец при апсење
    • Пристигнуваат 80 нови автобуси до март, најави Ѓорѓиевски
    • Внимавајте: Лажни инспектори пустошат низ Охрид
    • „Удираше по влезната врата и го оштети возилото на ќерката“ – загрижена мајка од Куманово пред полноќ се јавила во полиција
    • Гранична полиција спречи шверц на добиток кај Дебар: Лицата се разбегале кон Албанија
    • СДСМ: Инфлацијата достигна 4,5%, економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се промашени
    • Хорор во ресторан во Скопје: Извадил пиштол и го репетирал кон вработените
    • Власта чисти во своите редови: Се бара притвор за државни функционери
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Собранието го комплетира составот: Констатирани мандатите на Николовска, Стојановски и Андонов

    Собранието го комплетира составот: Констатирани мандатите на Николовска, Стојановски и Андонов

    07.11.2025 во 13:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Парламентарниот состав на Собранието наскоро ќе биде комплетиран по одржувањето на локалните избори. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница ги констатираше мандатите на тројца нови пратеници.

    Новите пратеници се Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.

    Тие доаѓаат на местото на пратениците кои беа избрани за градоначалници:

    • Бети Стаменкоска-Трајкоска (Кисела Вода)
    • Јане Мицевски (Сопиште)
    • Дејан Проданоски (Прилеп)

    Верифицирањето на мандатите на новите тројца пратеници треба да помине на наредната прва пленарна седница на Собранието, која, како што информира спикерот Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите, се очекува да се одржува на 10 или 11 ноември.

    -Државната изборна комисија врз основа на спроведената постапка, констатира дека пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за остатокот од мандатот согласно член 153 став 1 и член 153-а став 1 од Изборниот законик стануваат Александра Николовска од листата на кандидати за пратеници во Собранието за Изборна единица 1, Мартин Стојановски од Изборна единица 1 и Мито Андонов од Изборна единица 4. Државната изборна комисија, согласно член 31 став 2 точка 23 од Изборниот законик издаде уверение за избрани пратеници во Собранието на Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. ДИК на седницата одржана на 03.11.2025 година го усвои Извештајот и заклучи истиот да се достави до Собранието на Република Северна Македонија, истакна на денешната седница собраниската комисија потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири.

    Популарно

    Орце го чека Обвинителството да дојде во Град Скопје: Имам документи за сериозен криминал

    07.11.2025 во 09:51

    ФОТО: Данела ја закачи својата слика до Шилегов пред заминување – избрала колор

    07.11.2025 во 11:17

    Грозоморно убиство во Чашка: Го викнале во кола и му пукале во глава – еден осомничен приведен

    07.11.2025 во 09:11

    Акција на ОЈО ГОКК: Паѓаат управници, државни службеници и референти за поткуп и влијание во ИПАРД агенцијата

    07.11.2025 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.